Природен гас или Земјен гас е гасовито фосилно гориво. Се јавува самостојно (сув природен гас) или заедно со нафтата во вид на гасни капки над нафтата (влажен природен гас).
Составот на природниот гас варира во зависност од местата на кои се јавува. Таму каде што се јавува заедно со нафтата, вообичаено има поголемо учество на гасови со повеќе јаглеродни атоми (влажен природен гас) и обратно (сув природен гас), каде учеството на метанот е над 85 (mol%).
Како носител на лиценцата за вршење на енергетска дејност Снабдување со природен гас, а во согласност со член 9 став 1 од Правилата за снабдување со природен гас (Сл. весник на РСМ бр. 51/19), пред склучувањето на Договорот за снабдување, на Потрошувачите им обезбедува примерок од Потсетникот за потрошувачите, усогласени со Законот за енергетика, подзаконските акти и останати прописи усвоени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија