priroden_zemen_gasПрироден гас или Земјен гас е гасовито фосилно гориво. Се јавува самостојно (сув природен гас) или заедно со нафтата во вид на гасни капки над нафтата (влажен природен гас).

Составот на природниот гас варира во зависност од местата на кои се јавува. Таму каде што се јавува заедно со нафтата, вообичаено има поголемо учество на гасови со повеќе јаглеродни атоми (влажен природен гас) и обратно (сув природен гас), каде учеството на метанот е над 85 (mol%).

Благодарение на метанот кој доминира во хемискиот состав се должат и релативно чистите карактеристики на природниот гас. При согорување на природниот гас, емисијата на штетни гасови во воздухот е пониска од онаа на фосилните горива.  Се испуштаат незначителна количина на чад, цврсти честици (pm) и сулфур. Се испуштаат азотни оксиди (NOx) што се виновни за појавата на смогот, но количините се помали од емисиите на дизелот и бензините. Во споредба со јагленот, емисиите на азотни оксиди се намалуваат до 80%, додека емисијата на јаглендиоксид (СО2) е помала за 50%-60%.

Полесен е од воздухот, има мал опсег на запаливост, односно при концентрации во воздухот од Ld=5vol% (долната граница на експлозивност), и Lg=15vol% (горната граница на експлозивност), смесата е експлозивна. Има висока температура на палење, од околу 595°до645°С. Поради ваквите осообености постои мала веројатност да дојде до случајно палење, а доколку се запали брзо согорува.

Природниот гас е безбоен, без мирис и вкус и не е токсичен. Поради тоа што не содржи ароматични соединенија, од безбедносни причини при дистрибуција му се додава одредено ниво на безбеден гас односно средство за одорирање со карактеристичен мирис (доколку дојде до евентуалнo протекување на природниот гас, истото да биде забележано).

Во табелата прикажан е вообичаениот хемиски компонентен состав  и топлинска вредност на природниот гас увезен во Македонија.

Природниот гас не смее да содржи механички примеси, смоли и соединенија што образуваат смоли.

Во зависност од составот на гасот се менува и неговата топлинска моќ, односно енергијата што ја носи во себе. Доколку има поголемо присуство на јаглеводороди со повеќе јаглеродни атоми, топлинската моќ е поголема. Топлинската моќ на природниот гас кој влегува на територија на Р.Македонија се движи во границите и тоа: долната топлинска вредност на гасот е во границите од Hd=33.054 МЈ/nm3 do Hd=33.890 MJ/nm3 при Т=200C и апсолутен притисок 1.01325 bar.

Природниот гас е едно од најбезбедните горива и во денешно време се користи за комерцијална употреба, во индустријата, за широка потрошувачка, како хемиска суровина во призводство, за производство на електрична енергија и како погон на моторни возила.

Најава