На 11.2.2011 година е основано Друштвото за трговија МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС ДООЕЛ Скопје во согласност со позитивните законски прописи во Р.Македонија од еден основач ,,МАКПЕТРОЛ”АД – Скопје, со Изјава за основање на трговско друштво и правно регистрирано во Трговскиот регистар на Р.Македонија на 7.3.2011 год.
Приоритетна дејност на Друштвото е Трговија на големо со цврсти, течни и гасовити горива и слични производи. Друштвотo ги врши сите дејности утврдени со Националната класификација на дејностите за кои со закон е пропишано дека можат да се вршат само врз основа на согласност, дозвола или на друг акт на државен орган или на друг надлежен орган.
Друштвото во моментов врши исклучиво снабдување со природен гас на потрошувачи на природен гас во согласност со издадените лиценци од Регулаторната комисија за енерегетика (РКЕ) на Р.Македонија.
Енергетската дејност – Снабдување со природен гас, МАКПЕТРОЛ ПРОМ-ГАС ДООЕЛ ја врши преку склучување на договори за купување и продажба на природен гас и договори за закупување на преносен и/или дистрибутивен капацитет на територијата на Р.Македонија и странство. Како снабдување со природен гас, во согласност со издадената лиценца се смета продажба на природен гас.
Природниот гас е најчисто гориво од останатите фосилни горива. Преовладувањето на водородот во неговиот хемиски состав, наспроти помалата количина на јаглерод диоксид, сулфур диоксид и олово го прави по погодно за животната средина;
Природниот гас е едно од најбезбедните горива. Не е токсичен и најмалку запалив. Доколку се придржуваме на стандардите и нормалните практики, инсталациите и уредите на природен гас се сигурни и безбедни за користење.
Природниот гас е стратешки енергенс на Р.Македонија, додека светските резерви на гасот гарантираат достапноста за долг временски период. Од друга страна на корисникот му е директно достапен во секое време за било кој тип на употреба;
Во денешно време природниот гас се користи за комерцијална употреба, односно се користи во индустријата во технолошките процеси, како хемиска суровина за производство, во индустријата и домаќинствата како енергенс за загревање и ладење, за производство на електрична енергија, а во последно време се зголемува и неговото учество како погонско гориво за разни видови моторни возила;
Природниот гас при согорувањето има помала емисија на штетни гасови (јаглендиоксид, јаглен моноксид и други јагленоводороди, азотни окисиди и сулфурни компоненти), како и ниско ниво на чад, пепел и цврсти честички (pm). Тоа произлегува од многу поедноставната структура и состав од останатите фосилни горива;.
Технологијата за комерцијална употреба на Природниот гас е унапредена и допринесува за поголема енергетска ефикасност и економичност во споредба со фосилните горива. Природниот гас е и едниствен облик на енергија кој може непосредно да се употребува со приклучување на преносната мрежа на гасот.